(ВИДЕО) Страшни последици од бомбардирањето на Мариупол, загинале повеќе од 2.500 луѓе

од Nikola Popovski
240 прегледи

Во градот Мариупол со денови паѓаат гранати и ракети. Русите се немилосрдни, а најновите снимки од дрон покажуваат како изгледа градот откако беше нападнат од руската армија.

Цивилите се обидуваат да се спасат, а колона автомобили во понеделникот успеале да го напушти градот, поточно 160.

Знаеме дека повеќе од 160 приватни автомобили го напуштија градот до 13 часот. Конвојот стигна до блискиот град Бердјанск и продолжува кон Запорожје. Имаме информации и дека се почитува прекинот на огнот долж трасата на хуманитарниот конвој, соопштиле тамошните власти.

Советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович претходно денеска изјави дека повеќе од 2.500 луѓе загинале во Мариупол од почетокот на руската инвазија.

На снимката се видливи и последиците од руското ракетирање. Од зградите излегува густ чад и пламен. Мариупол со денови е мета на руската армија, а на социјалните мрежи се споделуваат снимки и фотографии.

Слични содржини