Русите продолжуваат да протестираат против инвазијата на Владимир Путин на Украина, а вчера беа уапсени 776 во 37 градови.
Вчера протестираше и пијанистот Лука Затравкин, син на познатиот руски сликар Никас Сафронов, но не поради војната. Тој беше единствениот кој го крена гласот против затворањето на Мекдоналдс во Русија, а за оваа ситуација ја смета за одговорна руската администрација. Затравкин беше врзан со лисици на вратата од филијалата на плоштадот Пушкин во Москва.
– Нема потреба да ги затворате. Кои се причините за тоа? Ова е непријателство кон целиот руски народ, тоа е чин на насилство, изјави пијанистот за време на протестот, по што беше приведен во полициска станица.
Мекдоналдс синоќа на полноќ ги затвори вратите на сите ресторани во земјава. Иако нема да работат 847 ресторани, Мекдоналдс најави дека ќе им исплаќа плати на вработените, вкупно 62.000. Непрофитната организација „Ronald McDonald House Charities“ ќе продолжи со својата работа.
This is how the last day of work of one of the #Moscow McDonald's looks like pic.twitter.com/wVw4ItbCIF
— NEXTA (@nexta_tv) March 13, 2022