Во напад врз телевизиска кула во Украина загинаа над 19 лица

од Milan1
253 прегледи

Се зголемува смртниот биланс од вчерашниот напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне, во северна Украина.

„За жал, мораме да кажеме дека бројот на жртвите е поголем. Урнатините се уште се расчистуваат, а до 08:30 утринава имаме 19 загинати и деветмина повредени, изјави началникот на воената управа во Ривне“, Виталиј Ковал.

Според него, бројката се уште не е конечна. Сепак, тој очекува за неколку часа да завршат работите за отстранување на шут.

Како што беше претходно соопштено, утрото на 14 март, два руски проектили ја погодија ТВ кулата и административната зграда во близина на Ривне.