Американските разузнавачи открија дека дел од балистичките ракети со краток дострел Искандер-М, со кои руските сили ги гаѓаат украинските цели од почетокот на војната, имаат мистериозен товар – непозната мамка дизајнирана да ги избегне противвоздушните системи.
Имено, уредите што ги емитира оваа ракета успеваат да ги измамат радарите за ПВО и ракетите кои функционираат во потрага по топлина. Тие се долги околу 30 сантиметри, во облик на стрела, бели со портокалова опашка, вели американски претставник цитиран од „Њујорк Тајмс“.
Уредите ги исфрлаат ракетите Искандер-М истрелани од руските сили од мобилните фрлачи преку границата кога проектилот ќе „сфати“ дека е насочена кон системот за противвоздушна одбрана, изјави претставник за „Њујорк Тајмс“.
Употребата на мамки помага да се објасни зошто украинскиот противвоздушен систем има проблеми со пресретнувањето на руските Искандери. Таа ракета, според американски извори, може да достигне над 300 километри. Секој фрлач може да истрела две ракети Искандер пред повторно да се наполни. Фотографиите од бело-црвените гаџети почнаа да кружат на социјалните мрежи пред две недели. Многумина мислеа дека се делови од касетни бомби.
Уредите се слични на мамките од Студената војна познати како „помош за пенетрација“ и ги придружуваат нуклеарните боеви глави од 1970-тите. Тие беа дизајнирани да го избегнуваат системот за противракетна одбрана со цел главите да стигнат до своите цели. Користење во рамките на ракетата Искандер досега не била видена.