Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека не верува оти неговата земја ќе стане членка на НАТО алијансата.
„Со години чекавме да се отвори вратата, но слушнавме и дека не можеме да се приклучиме на тоа членство. Тоа е точно и мора да се признае“, рече Зеленски на видео-конференција со челниците на земјите на Здружените експедициски сили предводени од Обединетото Кралство.
Тој денес се обрати и пред канадскиот парламент.
„Секоја ноќ е ужасна ноќ. Русите гранатираат од секаква артилерија, од тенкови. Тие удираат врз цивилна инфраструктура, гранатираат згради. Можете ли да замислите дека постои пожар што започнал во нуклеарна централа? И токму тоа се случи овде“, рече Зеленски.
Канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека Зеленски ги брани основните права на Украинците.