Нигериски студенти заробени во близина на линијата на фронтот во јужниот украински град Херсон, побараа помош откако градот беше окупиран од руските сили. Би-би-си наведува дека во градот има повеќе од 100 африкански студенти, од кои многумина се од Нигерија.
Студентите бараат од нигериската влада брзо да ги евакуира пред нешто да им се случи.
Студентите велат дека живеат во градските подземни засолништа повеќе од две недели откако руските сили го зазедоа градот. Еден од студентите, Џери Кени, кој даде изјава за Би-Би-Си, рече дека на шестмина негови пријатели им се слошило поради лошите услови за живот. Тој вели дека немаат храна или други основни намирници.
Нигерискиот министер за надворешни работи Џефри Онјеама изјави за време на викендот дека е во постојан контакт со нигериските амбасадори во Украина и Русија и дека тие се обидуваат да ги евакуираат студентите од Керсон преку руската и индиската влада, како и некои невладини организации.
Досега повеќе од 1.400 Нигеријци се евакуирани од Украина откако Русија ја нападна земјата. Многу од нив беа префрлени во соседните Полска, Романија, Унгарија и Словачка пред да летаат дома во Нигерија.