227
Независна Украина ќе постои многу подолго отколку Владимир Путин, изјави синоќа во интервју за Си-Ен-Ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Вака или онака Украина ќе остане, а Путин еднаш ќе го снема“, изјави Блинкен.
Во интервјуто, државниот секретар го повика рускиот претседател да запре со војната.
„Запрете ја војната веднаш“, повика тој.
Тој уште еднаш ја предупреди Кина за тешки последици ако одбере да помага на Москва во избегнување на санкциите.
„Фактот дека Кина не го осуди она што Русија го прави, самото тоа зборува многу“, изјави Блинкен.