Германскиот канцелар ја исклучува можноста за интервенција на НАТО во Украина

од Milan1
294 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во Украина.

„Западот се уште се надева на ефикасност на санкциите против Русија, изјави Шолц на собирот организиран од дневниот весник „Велт” во Берлин.

„Нема да воспоставиме зони за забранети летови над Украина. Тоа би довело до директен воен судир со Русија и руските авиони’, објасни германскиот канцелар.

Шолц рече дека се согласува со американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и другите сојузници дека не треба да има воен конфликт меѓу НАТО и Русија.

„Никој не може да го сака тоа’, потенцираше Шолц.

Слични содржини