Убиен е Николај Кравченко, еден од основачите на Азов

од Milan1
555 прегледи

Eден од основачите на баталјон Азов, Николај Кравченко, познат и како Крук и Ворон, е елиминиран во Мариупол.

Поранешниот лидер на „Азов“ Андреј Билецки, на социјалните мрежи ја потврди неговата смрт. Смртта на Кравченко ја потврди и десничарскиот пратеник на Врховната рада на Украина, Игор Мосијчук.

Кравченко беше познат како „главниот идеолог на движењето Азов“, еден од основачите на харковската организација „Патриоти на Украина“.

Пред неколку дена, додека им даваше отпор на руските војници, во близина на Харков беше убиен таткото на „Крук“, Сергеј Кравченко, кој се вклучи во територијалната одбрана.

„Татко, ќе ја уништиме Руската Федерација и ќе изградиме Голема Украина, каде што нашите внуци ќе живеат среќно. Го сакаше тоа и умре за тоа. Тоа секогаш ќе го паметиме“, вети синот кој сега му се придружил на својот покоен татко.

Слични содржини