Владимир Путин: Западот го потикна Киев на крвопролевање

од Milan1
230 прегледи

„Руската армија ги уништи плановите на украинските власти кои имаа намера да тргнат во војна, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека на властите во Киев им било понудено по различни канали да ја повлечат војската од Донбас, но тие не сакале .

Тој додаде дека западните покровители на Украина го поттикнале Киев на крвопролевање, доставувајќи оружје и испраќајќи платеници, пренесе Спутник.

На конференцијата за мерките за поддршка на регионите, Путин зборуваше за причините за започнување на специјална операција во Украина и нагласи дека Киев го саботирал мирното решавање на кризата.