Формирана група за „лов“ на руските елити и олигарси и заплена на нивниот имот

од Vladimir Zorba
205 прегледи

САД формираа меѓународна работна група за „лов“ на руските елити и олигарси и заплена на нивниот имот.

Групата ги вклучува Австралија, Велика Британија, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Европската комисија, според американското Министерство за финансии.

Секретарот за финансии на САД, Џенет Јелен и државниот обвинител, Мерик Гарланд ја одржаа својата прва виртуелна средба со претставници на сите земји учеснички во средата.

„Само во последните три недели, информациите доставени од американските агенции за спроведување на законот до странските партнери помогнаа неколку бродови да останат под контрола на поединци и ентитети под санкции“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии, додавајќи дека запленетите бродови вредат „стотици милиони долари“.

На членовите на работната група им беше даден и список од 50 лица на кои треба да ги фокусираат своите истраги.

Слични содржини