Веб-страницата на руската влада се соочува со невидени сајбер напади и се прават технички напори за филтрирање на странскиот интернет сообраќај, објави во четвртокот новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за дигитален развој.
Руската влада и државните компании се мета поради руската инвазија на Украина, а веб-страниците на Кремљ, водечкиот авиопревозник „Аерофлот“ и „Сбербанк“ се меѓу оние кои имаа прекини или привремени проблеми со пристапот во последните недели.
Министерството соопшти дека работи на прилагодување на новите услови поради зголемениот број сајбер напади.
Ако порано нивната моќност достигнуваше 500 гигабајти во моментите на најголемото оптоварување, сега е на еден терабајт (двојно), велат од министерството. Ова е два до три пати помоќно од најсериозните инциденти од ваков вид претходно пријавени.
Бидејќи Русија станува се поизолирана од глобалните финансиски системи и синџири на снабдување, владата предложи серија мерки за поддршка на ИТ секторот.
Технолошките компании ќе имаат пристап до повластени услови за оданочување и кредити, а Министерството за дигитален развој веќе предложи руските ИТ компании да разговараат за постепен трансфер на компонентите за техничка поддршка со странски компании.
Интерфакс во средата објави, цитирајќи нацрт владини документи, дека Министерството за дигитален развој предложило да се издвојат 14 милијарди рубљи (134,30 милиони американски долари) за поддршка на ИТ компаниите во форма на грантови.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.