Конашенков: Американците во Харков проучувале како лилјаците можат да заразат луѓе

од Milan1
245 прегледи

Во лабораторијата во украинскиот град Харков, под контрола на Соединетите Американски Држави, бил спроведуван таен проект, во кој се проучувало како лилјаците можат да пренесуваат болести на луѓето, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

„Министерството за одбрана на Русија продолжува да ги проучува документите што ги доби од соработниците на украинските лаборатории за спроведување на воено-биолошки програми на територијата на Украина и под водство на САД и нивните сојузници во НАТО“, рече Конашенков.

Според него, руски воени експерти за радијациона, хемиска и биолошка заштита ја проучувале оригиналната документација, која открила детали дека САД спроведуваат таен проект во Украина за проучување на начинот на кој лилјаците пренесуваат болести на луѓето. Ова истражување е спроведено во лабораторија во Харков.

„Би сакал да нагласам дека, во согласност со документите, експериментите во Харков се одвиваа систематски неколку години“, рече тој.

Конашенков додаде дека во рамките на американскиот проект на Институтот за ветеринарна медицина во Харков се проучувале диви птици кои се носители на високопатоген птичји грип. Истовремено, беа проценети условите во кои процесот на пренесување на болеста може да биде неконтролиран, да предизвика економска штета и да ја загрози безбедноста на храната.

Слични содржини