Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека руската инвазија на Украина е „електрошок“ за НАТО алијансата и ѝ даде нова стратешка јасност, што и недостигаше, пренесува Ројтерс.
На почетокот на кампањата за реизбор за шеф на државата пред новинарите, Макрон одговори на прашањето дали жали што рече дека НАТО пред две години бил во состојба на „мозочна смрт“.
Тој рече дека ситуацијата на крајот на 2019 година, кога го коментираше тоа, се разликува од денешната и дека Алијансата е неопходна за да се соочи со руската инвазија на Украина.
„Русија не повика да се разбудиме“, кажа францускиот претседател.
Макрон, кој важи за фаворит на претседателските избори во април, а анкетите предвидуваат околу 30 отсто од гласовите, денеска ја претстави својата програма за „понезависна нација во посилна Европа“, јавуваат западните агенции.
Таа независност би се одразила во неколку области, вклучително и одбраната, така што нацијата, во сенката на војната во Украина, би била поподготвена за „идни кризи“, а ветувала и поголеми инвестиции во земјоделството и индустријата.