Македонскиот народ е оспоруван од соседите низ историјата. Се негира постоењето на јазикот и црквата, а Бугарија очигледно се препознава во тоа што го кажав и претходно, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на ТВ Сител, говорејќи за бугарското МНР, кои реагираа дека во Северна Македонија се поттикнува антибугарско расположение од политичари и јавни личности кои за таа цел ја злоупотребуваат руската воена агресија во Украина.
Според Николоски, Бугарија има шанси да се поправи доколку тврди дека „не нѐ оспорува“.
-Уште во понеделник можат да кажат дека ќе го тргнат ветото и дека даваат гаранции за македонскиот народ и јазик. Како што се вели дека Ленин ги создал Украинците, така и со децении од нашите соседи се вели дека Тито и Комитерната ги создале Македонците. Тоа е најголема навреда за нас и не значи добрососедството, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.