Властите во Украина потврдија дека за време на војната со Русија досега се убиени 112 деца, што е за три повеќе од вчерашната проценка од 109.
Украина додаде дека во конфликтот се повредени 140 деца.
Вчера десетици колички беа наредени во западниот град Л`вов за да го илустрираат обемот на овие катастрофални загуби.