Русите тврдат дека користеле хиперсонично оружје

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Русија соопшти дека користела хиперсонично оружје за да уништи подземно воено складиште во западна Украина. Хиперсоничните проектили се брзо оружје кои може да избегнат откривање од страна на системите за противракетна одбрана.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило големо подземно складиште за ракети и авионска муниција во украинската област Ивано-Франковск, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Министерството соопшти дека уништило и радио и извидувачки центри на украинската војска во близина на пристанишниот град Одеса користејќи го крајбрежниот ракетен систем, пренесе Интерфакс, цитирани од Ројтерс.

Овие тврдења не се независно потврдени.