По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња (ФОТО)

од Milan1
235 прегледи

По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња, соопштуваат од Град Скопје.

„Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на увид во живеалиштето на лавчињата.

„Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани“, истакна градоначалничката Арсовска.

 

Слични содржини