– Руската специјална операција во Украина ќе открие уште повеќе грди факти, како оние за американската воено-биолошка активност на постсоветскиот простор. Тие совршено добро разбираат дека откако ќе се постигнат целите на специјалната воена операција, на површина ќе излезат многу грди факти, кои досега се чуваа во тајност, не само за воено-биолошките активности, туку и за многу други работи, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.
Според рускиот дипломат, смешно е да се прават обиди за негирање на американската воено-биолошка активност во Украина, велејќи дека Обединетите нации не го потврдуваат тоа.
– Тоа е смешно бидејќи воено-биолошкиот развој е априори тајна. Оние кои се занимаваат со такви активности никогаш не поднесуваат извештаи никому, вклучително и САД, објасни рускиот претставник во ОН.
Според него, доколку тврдат дека информациите на Русија се неточни, треба да дадат докази за своите тврдења.
– Ако можете да го побиете она што го изнесовме, направете го тоа. Но, престанете да не обвинувате дека неосновано се занимаваме со пропаганда, затоа што презентиравме конкретни факти, нагласи Небензја.