Избувнал пожар во куќа полна со муниција во Охрид, газдата не давал да се гасне

од Milan1
465 прегледи

Денес во 02:35 часот, во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Охрид примена е дојава за опожарен станбен објект (куќа).

„Екипите веднаш излегоа на терен со 4 возила, при што е затекнато големо опожарување на објектот. Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа, која е прилепена до опожарениот објект. Пожарникарите гаснеа во отежнати околности, со голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот. Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна. За среќа нема повредени лица“, објавија на официјалната Фејсбук страна од ТППЕ.

Охридските пожарникари апелираат до СВР Охрид да ги санкционираат сите чинители кои вршат попречување во извршувањето на нивните должности на терен.