Украинско-руските делегации треба да се сретнат во понеделник наутро во нова рунда разговори, неколку часа откако Киев го отфрли ултиматумот на Москва да го предаде опколениот Мариупол.
Нова рунда разговори ќе се одржи преку видео врска, изјави доцна синоќа советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак, пренесе украинската новинска агенција УНИАН.
„Работните групи на двете страни интензивно работат во последно време“, рече тој.
Минатиот понеделник се одржаа мировни разговори на високо ниво. Подољак верува дека разговорите со Москва за завршување на војната ќе траат неколку недели, додавајќи дека има знаци дека ставот на Москва станува „поразумен“ и пореален.