Кина испраќа помош за Украина

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивниот Црвен крст ќе испрати дополнителни 10 милиони јуани (околу 1,4 милиони евра) хуманитарна помош за Украина.

Одлуката доаѓа по предупредувањето на американскиот претседател Џо Бајден за „последиците“ од каква било помош што Кина може да и ја понуди на Русија при инвазијата на Украина.

Тоа би можело да го натера кинескиот претседател Си Џинпинг да избере помеѓу долготрајните профитабилни трговски односи со Западот и растечкото стратешко партнерство со Москва, пишува Sky News.

Бајден одржа скоро двочасовен видео-повик со Кси во петокот, а Белата куќа потврди дека санкциите против Кина се опција.