БЕЛОРУСКИТЕ партизани се обидуваат да ја спречат Белорусија да ја нападне Украина, тврди Франак Виачорка, висок советник на белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја и еден од лидерите на младинското крило на Белорускиот народен фронт.
Belarus is a land of partisans. Our heroes stop Russian trains, damage Russian equipment, hand out leaflets to prevent Belarus troops from entering Ukraine. 🇺🇦Ukraine will prevail, ️⬜️🟥️⬜️ Belarus will be liberated as well pic.twitter.com/w0Y2semvEj
— Franak Viačorka (@franakviacorka) March 20, 2022
Тој на Твитер објави дека луѓето внатре во Белорусија ја оштетуваат руската опрема, ги уништуваат руските возови и им делат летоци на белоруските војници во обид да ја спречат белоруската армија да учествува во инвазијата на Украина.
„Украина ќе победи, а Белорусија ќе биде ослободена“, напиша тој.