306
Бомби паѓаат врз Мариупол „на секои 10 минути“, изјави за Си-Ен-Ен украински офицер во опколениот пристанишен град.
Капетанот Свјатослав Паламар од Националната гарда „Азов“ рече дека тој и неговите другари нема да се предадат во Мариупол.
„Бомбите паѓаат на секои 10 минути. Воените бродови на руската морнарица гранатираат. Вчера војниците деактивираа четири тенкови, [како и] оклопни возила. Сè уште ни треба муниција, противтенковско оружје и противтенковска одбрана“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Украина го отфрли ултиматумот на Москва да го предаде Мариупол по рускиот краен рок поставен во 5 часот наутро по московско време (шест часа по средноевропско време) во понеделник (21-ви март).