СЛОВЕНИЈА ГИ ВРАЌА ДИПЛОМАТИТЕ ВО УКРАИНА: Јанша ги повика и другите земји од ЕУ да го сторат истото!

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Словенечките власти соопштија дека планираат да ги вратат своите дипломатски претставници во Украина оваа недела

Премиерот Јанез Јанша ги повика и другите земји од Европската унија да го сторат истото.

„На Украина и е потребна дипломатска поддршка“, напиша Јанша на Твитер доцна синоќа.

Словенечките дипломати ја напуштија Украина по почетокот на руската инвазија на 24 февруари, како и дипломати од многу други земји.

Јанша минатата недела го посети Киев заедно со премиерите на Полска и Чешка. По посетата, тој рече дека Украина се чувствува напуштено и ја повика ЕУ да испрати свој претставник таму.

Јанша додаде дека враќањето на словенечките дипломати ќе биде организирано на доброволна основа.

Слични содржини