„Комсомолскаја правда“: Бевме хакирани, објавениот број на убиени руски војници е неточен

од Nikola Popovski
290 прегледи

Комсомолскаја Правда, медиум близок до Кремљ, кој претходно објави дека во Украина се убиени 9861 руски војник, сега тврди дека биле хакирани и дека оваа „лажна информација“ сега е отстранета.

„На 21 март, администраторскиот интерфејс на веб-страницата Комсомолскаја Правда беше хакиран. Лажно се објавени информации поврзани со специјалната операција во Украина. Неточните информации веднаш беа отстранети“, соопшти редакцијата.

Киев тврди дека се убиени вкупно повеќе од 15.000 руски војници. Официјално, Русија досега објави дека 498 нејзини војници биле убиени за време на инвазијата на Украина.

Слични содржини