Зеленски: Мариупол е „претворен во пепел“, но ќе „преживее“

од Nikola Popovski
187 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во видео-обраќањето објавено синоќа рече дека украинскиот пристанишен град Мариупол е „претворен во пепел“ поради руската воена агресија, но додаде дека градот ќе „преживее“.

Мариупол, кој пред војната имаше околу 450.000 луѓе, беше под речиси постојан напад на руските сили од почетокот на март, а сателитски снимки покажуваат значително уништување на станбени области.

Шефот на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во понеделникот изјави дека „она што му се случува на Мариупол е големо воено злосторство“.

Во своето обраќање Зеленски повторно ги повика Украинците „да направат се што можат за да ја одбранат земјата, да го спасат својот народ“.

-Откако започна руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, „гледаме се повеќе и повеќе (украински) херои. Некогаш обични Украинци, сега вистински борци“, рече тој.

Украинскиот лидер исто така рече дека обичните граѓани во Украина „се креваат“ до тој степен што Русија „не верува дека тоа е реалноста“, и додаде: „Ќе ја натераме Русија да верува“.

„Борете се, продолжете да се борите и помогнете“, ги повика тој Украинците.

Слични содржини