Објавено е видео на кое се гледа како сепаратистите користат термобарични ракети (ВИДЕО)

од Milan1
312 прегледи

Сепаратистите од самопрогласената Република Доњецк го користат озлогласениот фрлач „ТОС-1“, кој лансира термобарични ракети, познати и како вакуум бомби, кон цели во Украина.

Република Доњецк ја признаа Русија и Сирија, додека Белорусија, Венецуела и Никарагва изразија поддршка за руското признавање. Видеото од полнењето и лансирањето на фрлачот е потврдено од Би-Би-Си, а првично беше објавено на социјалните мрежи на Народната милиција на Република Доњецк.

Термобаричните оружја се контроверзни бидејќи можат да направат поголема штета од конвенционалните оружја. Украинските власти постојано ја обвинуваат Русија за употреба на термобарично оружје, велејќи дека тоа е против Женевската конвенција. Министерството за одбрана на Велика Британија неодамна објави дека Русите ја потврдиле употребата на вооружениот систем „ТОС-1А“ кој користи термобарични ракети.

Руската инвазија на Украина трае веќе 27 дена, а жестоките гранатирања и борби не престануваат во многу украински градови. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го повика својот руски колега Владимир Путин да се сретне и да започне мировни преговори, но исто така рече дека ќе ги отфрли претходните услови на Русија, како што се признавањето на сепаратистичките републики и анектирањето на Крим.

Слични содржини