Mинистерот за здравство на Украина: Целосно уништени 10 украински болници

од Milan1
220 прегледи

Десет болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, информираше украинскиот министер за здравство Виктор Лашко, во своја изјава на националната телевизија.

Други болници, додаде Лашко, не можеа да добијат лекови и други работи, поради борбите во близина.

Светската здравствена организација соопшти за 62 различни напади врз здравствени установи во Украина, откако почна конфликтот, при што, евидентирани се 15 загинати и најмалку 37 повредени лица.

Слични содржини