Официјален претставник за одбрана на САД: Русија го гаѓа Мариупол од Азовското Море

од Берта Китинска
236 прегледи

Русија почна да го гаѓа градот Мариупол од Азовското Море, според висок официјален претставник на американската одбрана, користејќи група од седум бродови за да изврши напад врз клучниот крајбрежен град.

„Продолжуваме да набљудуваме бројни руски сили во градот (Мариупол). „Сметаме дека барем некои од нив се сепаратистички сили кои дојдоа од Донбас, а сепак, Украинците многу се борат да го спречат падот на Мариупол“, рече функционерот, а пренесува Си-Ен-Ен.

Градот веќе беше под постојано руско бомбардирање со проектили со долг дострел и артилерија надвор од градот.

Русите имаат вкупно 21 брод во Црното Море, рече претставникот.

Слични содржини