Вучиќ: Некои во регионот играат против Србија и сакаат да не свртат против Западот

од Берта Китинска
274 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва оцени дека „некои“ во регионот „играат игра“ против Србија, бидејќи сакаат да ја свртат против Западот.

„Тие сакаат да не означат како некој што е против западната цивилизација, да бидеме физички неспособни да им помогнеме на нашиот народ во Косово и Метохија, сакаат да се обидат да не вовлечат во конфликти, и Приштина и делови од Подгорица, Загреб и Сараево“, рече Вучиќ.

Претставникот на Србите од Косово и Метохија, Далибор Јевтиќ истакна дека положбата на Србите на Косово и Метохија никогаш не била потешка.

„Институционалното насилство врз Србите станува сè потешко секој ден. Некој очигледно има намера да не стави во најтешка положба“, рече тој.

Јевтиќ во петок најави протести на северот на Косово, со порака дека Србите од таа територија не сакаат никој да им ги скрати основните човекови права во 21 век.

Слични содржини