Тајланд усвои регулатива со која се забранува користење на дигитални валути како средство за плаќање на стоки и услуги од 1 април, објави денеска пазарниот регулатор.

Овој потег доаѓа по разговорите меѓу Комисијата за хартии од вредност (SEC) и Банката на Тајланд (BOT) за потребата од регулирање на активностите на операторите во областа на дигиталните средства, при што беше оценето дека овие активности може да влијаат врз финансиската стабилност на земјата и севкупна економија, се вели во соопштението на SEC, пренесе Ројтерс.

Се додава дека операторите кои обезбедуваат услуги од областа на дигиталните средства мора да ги почитуваат новите правила во рок од 30 дена од датумот на стапување во сила.

Банката на Тајланд постојано изјавува дека не поддржува криптовалути како средство за плаќање.

Во јануари, пазарниот регулатор во Индонезија, исто така, ги предупреди финансиските компании да не нудат или олеснуваат продажба на криптовалути, бидејќи има експлозивен раст во нивната употреба.

Слични содржини