Русија одлучи отсега плаќањата за рускиот гас за „непријателските земји“ да се вршат во рубљи, објави денеска претседателот Владимир Путин на владина седница.
Тој оцени дека „нема смисла да се испорачува стока од Руската Федерација во ЕУ, САД и други земји и да се примаат стоки во нивната валута“.
Путин им наложи на Централната банка и на владата во рок од една недела да го утврдат редоследот на операциите за купување на рубљи на домашниот пазар на Руската Федерација за странските купувачи на руски гас.