НАТО во средата даде прилично драматични проценки за загубите на Русија во Украина. Како што известува „Wall Street Journal“, кој цитира неименуван воен претставник на Северноатлантската алијанса, вкупниот број на загинати, ранети, исчезнати или заробени од инвазијата се искачи на неверојатни 40.000, или околу 20 отсто од сите трупи на Москва долж украинската граница, во пресрет на нападот.
Како што објасни официјалниот претставник на НАТО, таквите пресметки се направени врз основа на податоци од украинските власти како и врз основа на информации објавени од Русите, официјално и ненамерно.
НАТО проценува дека бројот на загинати е меѓу 7.000 и 15.000, а конечниот број на ранети би можел да биде трипати поголем, со оглед на статистиката од претходните конфликти во кои, наведува алијансата, во просек има по тројца ранети војници на секој убиен.