Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар што почина синоќа, одигра клучна улога во администрацијата на Бил Клинтон, човекот кој ја повлече од невладиниот сектор во 1992 година и ја воведе во политиката, ставајќи ја прво како американски амбасадор во Обединетите нации, а потоа и на функцијата државен секретар на САД во неговиот втор мандат. Нејзината обемна кариера беше можеби најмногу обележана со напорите да се интервенира во Косово во 1999 година и да се промовира проширувањето на Алијансата.
Родена во Прага во 1937 година, Медлин Олбрајт беше првата жена државен секретар што ја започна својата политичка кариера во 1992 година, кога Бил Клинтон дојде на власт и ја назначи за американски амбасадор во Обединетите нации.
Breaking News: Madeleine Albright died at 84. A brilliant analyst of world affairs, she was the first woman to serve as U.S. secretary of state. https://t.co/4KIjWRuQ0T pic.twitter.com/nPRBTD7CHL
— The New York Times (@nytimes) March 23, 2022
Дотогаш, во 1980-тите и 1990-тите, Олбрајт работеше за неколку невладини организации и предаваше меѓународни односи на Универзитетот Џорџтаун во САД. Кога Клинтон го освои својот втор мандат во 1997 година, Сенатот на САД едногласно го одобри назначувањето на Олбрајт за прв државен секретар.
Олбрајт се сметаше за главен дипломат на администрацијата на Клинтон, која активно го промовираше проширувањето на НАТО, како и интервенцијата на Алијансата во Косово во 1999 година.
Си-Ен-Ен ја опишува како самоидентификуван „прагматичен идеалист“ и како „лице на американската надворешна политика“ во деценијата помеѓу Студената војна и нападот врз кулите-близначки во Њујорк во 2001 година.
„Можеби најзначајни беа нејзините напори да стави крај на насилството на Балканот. Таа беше клучна во убедувањето на Клинтон да интервенира во Косово во 1999 година за да го спречи геноцидот врз етничките муслимани од страна на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ“, објави Си-Ен-Ен.