Италијанската модна куќа Loro Piana беше повикана „јавно да го осуди“ Владимир Путин откако тој облече една од нејзините јакни на провоен митинг.
Рускиот претседател се појави во горна облека за 1,5 милиони рубљи (скоро 13.000 евра) – повеќе од двапати од просечната годишна плата во Русија – зборувајќи пред илјадници гледачи на стадионот Лужники во Москва минатата недела.
Речиси 1.300 луѓе потпишаа петиција со која бараат од луксузниот бренд да го осуди рускиот претседател, пишува „Дејли мејл“.
Под синото палто, Путин носел и џемпер од 2.900 евра од италијанскиот бренд Kiton. Се верува дека тој е обожавател на Brioni, италијанската луксузна машка модна куќа позната по облеката за Џејмс Бонд и производителот на чевли John Lobb од Лондон.
Одлуката на Путин да ја носи дизајнерската облека на митингот веднаш предизвика бес на Twitter.
Преведувачката Јана Морозова пишува: „Додека Русите се борат за храна во продавниците, Путин се обрати до 90.000 луѓе облечен во јакна „Loro Piana“ за 1,5 милиони рубљи“.
Италијанската модна куќа на удар, Путин облече нивна јакна вредна 13.000 евра (ФОТО)

The anti-western Putin prefers to wear a €12,700 Loro Piana jacket. pic.twitter.com/ago8KO1DyA
— Clash Report (@clashreport) March 18, 2022
Олга Лаутман, руска аналитичарка и презентерка на подкаст, додаде: „Путин врши геноцид додека носи италијанско палто „Loro Piana“, кое чини повеќе од годишната плата на повеќето Руси“.