Руско Министерство за одбрана го објави бројот на загинати војници

од Milan1
301 прегледи

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 1.351 руски војник загинале во борбите во Украина од почетокот на конфликтот.

Министерството додаде дека 3.825 припадници на армијата се ранети, пренесе агенцијата Интефакс.

Се додава дека Русија ќе продолжи со операцијата се додека не се постигнат целите поставени од рускиот претседател Владимир Путин, наведува агенцијата РИА.