Партијата Левица преку соопштение излегоа со став дека тие откако станаа дел од Собрание дејствувале со позитивен ефект врз законодавниот дом.
Аналитичарот Петар Арсовски и политикологот Кристијан Фидановски на ова нивни тврдење гледаат од друг агол. Според нив дејствувањето на партијата Левица во Собранието не е конструктивно и е антипрогресивно.
– Левица е претставник на еден антиестаблишмент сентимент кај електоратот и тие по своја природа не можат да бидат конструктивни во Собранието бидејќи не им е таква политичка позиција. Во моментот, тие својот рејтинг го градат спротивставувајќи се на менстрим политиките, така да не може да станува збор за конструктивност во овој случај, вели аналитичарот Петар Арсовски.
– Однесувањето на Левица во Собранието во изминатите две години е кулминација на долгогодишното вртење кон десно на партијата, која сега нема речиси ништо заедничко со прогресивните темели врз кои беше основана, смета магистерот по политички науки од Универзитетот Џорџтаун и докторант на Оксфорд, Фидановски.
Според Арсковски, партијата Левица во моментов не делува како опозиционерска партија, а гласовите ги придобива од разочараните гласачи.
– Дали таа е флуминидирана со други посериозни центр на моќ не можеме да знаеме, релевантно набрзо ќе се дознае бидејќи во оваа глобална криза особено со Украина тие се поставија на една позиција која е различна од западната меѓународна заедница. Антиестаблишмен партиите или оние кое се тренди парии се најуспешни кај разочараните и помладите гласачи во урбани средини, социјалдемократски зборувано. А, во политички спектар се разбира тие се кај разочараните гласачи од двете партии, но социјалдемографски се повеќе кај урбаните центри и кон млади, смета Арсовски.
Фидановски смета дека пристапот на Левица и покрај силен мобилизациски потенцијал, има низок умножувачки потенцијал, односно функционира кај релативно мал дел од населението.
-Нема никаков сомнеж дека главниот фокус на партијата се десноориентираните гласачи. Една неодамнешна анкета на Преспа Институтот покажа дека поддржувачите на Левица се трипати поблагонаклоно ориентирани кон Русија во споредба со севкупното население. Дополнително, три четвртини од овие луѓе ја доживуваат или Србија или Русија како најдобар пријател на Северна Македонија. Со оглед на моделот на владеење во овие држави, ваквите податоци загрижуваат, но и одлично ја објаснуваат евроскептичната реторика на партијата. Меѓутоа, ваквиот пристап, и покрај неговиот силен мобилизациски потенцијал, има низок умножувачки потенцијал, односно функционира кај релативно мал дел од населението, вели Фидановски.
Според Арсовски тешко е да се прогнозира каква ќе биде нивната политичка кариера.
– Левица е партија која е фокусирана на социјални медиуми и не сум сигурен како ќе се згрижи нивната политичка иднина и визија, бидејќи во моментов огромно мнозинство граѓани ги подржуваат санкциите кон Русија и се против воен конфликт на Русија во Украина, а Левица со политичка идеологија застана кон таа страна. Инаку, не сметам дека можат да ги загрозат двете големи политички партии, вели Арсовски.
Иако имаат „анти-албански ставови“, според Арсовски не може да очекуваат поголем успех и преземање на одредени позиции во власта .
– Тие можат само да очекуваат т.н условен пазар со опозицијата како што имаше обид да се преземе парламентарното мнозинство но, се додека има такви ставови спротивни на НАТО и ЕУ не може да се очекуваат да бидат дел од некоја владеачка коалиција. Нивната наклоност кон Русија не може да им донесе голема популарност бидејќи граѓаните не ја поддржуваат, смета Арсовски, додавајќи дека рејтингот кој што се движи помеѓу 2 и 5% укажува дека мнозинството граѓани не се за тоа државата да биде предводена од Левица, но сепак гласачите ќе одлучат на крај.
Според Фидановски, во последно време „во партијата Левица доминира крајно дегутантното кокетирање со агресорот во руско-украинскиот конфликт и релативизирање на тамошното крвопролевање“.
– Една левичарска партија треба да се фокусира на материјалните прашања (Марксовата т.н. „база“ на целото општество) и животниот стандард на работничката класа, а да ги третира нематеријалните прашања („суперструктурата“) како дистракции. А сепак, во речиси секој настап на Левица во Собранието, но и на социјалните медиуми, левичарските каузи како повисока минимална плата, иако присутни, се во длабока сенка на евтиното потпалување со меѓуетнички тензии, како на пример преку потполно неаргументираниот бојкот на пописот, заклучува тој.
М.А.