224
Русија драстично ги намалува воените активности во областите Киев и Чернихив за да ја зголеми меѓусебната доверба и да создаде соодветни услови за идни преговори и да ја постигне крајната цел, а тоа е потпишување мировен договор со Украина, изјави рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин.
Тој рече дека делегацијата ќе даде повеќе детали по нејзиното враќање во Москва.
– Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно формулирана позиција. Овие предлози ќе бидат разгледани и доставени до претседателот Путин во наредниот период, по што ќе дадеме одговор, изјави советникот на Путин Владимир Медински.