Песков: Решение се уште нема на повидок

од Milan1
249 прегледи

Русија не забележала ништо што би можело да влее надеж дека наскоро ќе се најде конечно решение на конфликтот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на вчерашните преговори во Истанбул.

Кремљ денеска го поздрави фактот што Киев писмено ги изнел своите барања за прекин на конфликтот во Украина, но оценил и дека решение се уште нема на повидок.

Игор Жовква, заменик шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека вчерашните преговори напредувале и дека руската страна во Истанбул првпат ја слушнала украинската позиција, наместо ултиматуми и црвени линии, пренесе Би-Би-Си.

Во Истанбул вчера се одржа четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина.