Пад на нафтениот пазар, поскапеа пченицата и пченката

од Milan1
223 прегледи

Нафтениот пазар и денеска бележи пад на цените. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар од утринава изнесува 107 долари, што е намалување за 4 отсто во однос на вчера. На американскиот пазар вредноста на барелот е 100 долари, што е пад од 6 отсто.

Глобалните цени на нафтата почнаа да паѓаат пред три дена, откако Кина почна да ја применува мерката за затворање во Шангај, град кој е голем финансиски и производствен центар, поради Ковид-19.

Од утрово поскапуваат пченицата и пченката. Цената на пченицата е 1.027 за тон, што е зголемување за еден процент во однос на истиот период вчера. Во благ плус е и цената на пченката и изнесува 738 долари за тон, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчерашниот ден.

Слични содржини