Бајден ќе одобри ослободување до милион барели нафта дневно

од Milan1
196 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден има намера да нареди ослободување до милион барели нафта дневно од државните резерви во обид да ги контролира цените, кои нагло пораснаа по воведувањето строги санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, изјавија два извори.

Таквата одлука би можела да дојде уште денес, кога Бајден планира да ги коментира плановите на неговата администрација за борба против зголемените цени на гасот.

Не е познато колку долго одлуката ќе биде во сила, но може да се применува неколку месеци, изјавија извори кои побараа анонимност, пренесе АП.

Високите цени на нафтата не поттикнаа поголемо производство, што стана предизвик за администрацијата на Бајден.

Претседателот истакна дека неговата популарност паѓа откако инфлацијата достигна највисоко ниво во последните 40 години во февруари, а цените на нафтата и гасот се зголемија откако Русија ја нападна Украина.

Цената на суровата нафта во средата достигна речиси 105 долари за барел, во однос на околу 60 долари пред една година.

Слични содржини