Украина ги негира обвинувањата на Русија за напад на Белгород

од Nikola Popovski
280 прегледи

Највисокиот функционер за безбедност на Украина ги отфрли обвинувањата на Русија дека Украина стои зад нападот на складиштето за нафта во рускиот град Белгород.

Во говор на националната телевизија, секретарот на Советот за безбедност Олексеј Данилов ги негираше руските обвинувања, пренесува Ројтерс.

„Поради некоја причина тврдат дека сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не соодветствува со фактите“, рече Данилов.

Сепак, регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков претходно денеска изјави дека пожарот што избувна во складиште за нафта во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина е предизвикан од воздушни напади од два украински хеликоптери, кои навлегле во рускиот воздушен простор.

Слични содржини