Кремљ има јасно барање: Потребен е писмен документ за средба меѓу Путин и Зеленски

од Берта Китинска
200 прегледи

Средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, ќе биде можна дури по изготвувањето на конкретен пишан документ меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин никогаш не ја отфрли можноста за средба со Зеленски. „Путин никогаш не одбил таква средба, а таква средба е хипотетички можна“, рече Песков, а пренесе ТАСС.

Тој изјави дека за да се одржат средбите на двајцата претседатели потребно е двете делегации „да создадат конкретен пишан документ, а не збир на идеи“.

Потпишувањето на документот по разговорите меѓу Русија и Украина ќе биде важен чекор кон нормализирање на ситуацијата, додаде Песков.

„Се надевам дека како резултат на вложените напори во руско-украинските преговори ќе биде потпишан одреден документ и тоа ќе биде важен чекор кон нормализирање на ситуацијата“, рече тој.