ЕУ предлага да се прекине увозот на јаглен од Русија

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Европската унија предложи да го прекине целиот увоз на јаглен од Русија, бидејќи земјите-членки размислуваат како да постапат по договорите за нафта и гас со московските компании, пишува Дојче веле.

Овој потег дополнително ќе ги зголеми трошоците за снабдување со енергија во Европа, кои веќе нагло се зголемија поради инфлацијата и конфликтот во Украина.

Лидерите на Европската унија претходно најавија дека во наредните денови ќе разговараат за дополнителни санкции против Русија поради неодамнешните откритија за злосторствата во Буча.

Откако фотографиите од безживотни тела на улиците го обиколија светот, меѓународната заедница соопшти дека остро ќе реагира на однесувањето на руските војници во Украина.

Додека украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека Русија извршила воени злосторства против цивили, Кремљ ги отфрли тие тврдења како лажни.

ЕУ веќе објави план со кој ќе се овозможи намалување на зависноста од руската енергија, што ќе се реализира до 2030 година. Во исто време, некои земји сметаат дека е неопходно веднаш да се прекинат сите врски со Русија, што вклучува увоз на енергија, но германските власти посочија дека е неопходно да се развие план за избегнување на празни радијатори за зимата.

Слични содржини