Францускиот обвинител за борба против тероризмот започна три истраги за наводни воени злосторства во Украина извршени врз француски државјани.
Се истражуваат сомневањата за воени злосторства извршени во градовите Мариупол, Гостомел и Чернихив помеѓу 24-ти февруари и 16-ти март.
Обвинителите претходно отворија истрага за смртта на снимателот Пјер Закржевски од „Фокс њуз“, кој загина во близина на Киев како воен дописник.