Генералштабот на вооружените сили на Украина извести дека руските сили изгубиле контрола над три населени места во областа Керсон.
„Како резултат на офанзивните дејствија на вооружените сили на Украина, непријателот ја загуби контролата над населбите Добрјанка, Нововознесенска и Трудољбивка. Продолжуваат борбите во реонот на населбата Александровка“, соопштија Украинците.
Одбраната на Украина објави и преглед на вкупните загуби на Русија досега. Според нив, досега се убиени околу 18.600 руски војници. Украинците тврдат и дека собориле повеќе од 150 авиони.