Лукашенко: Западните компании ослободија простор на пазарите во Русија и Белорусија

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека западните санкции отвораат нови можности за Белорусија и Русија бидејќи западните компании ослободија голем простор на пазарите на овие две земји, кој сега ќе го пополнат Минск и Москва.

На состанокот на Советот за безбедност на Белорусија, Лукашенко рече дека прашањето е дали лобистите, конкуренцијата или корупцијата ги спречиле Русија и Белорусија порано да ги пополнат празнините на пазарот, пренесе белоруската новинска агенција Белта.

Белорускиот лидер изрази уверување дека Западот е решен да воведе санкции кон Белорусија во секој случај, пренесе ТАСС.

„Брзината и длабочината на санкциите покажуваат дека тие се детално планирани и долго време. Сосема е јасно дека тие би биле воведени без разлика на односите меѓу Русија и Украина. Тие санкции би биле воведени во секој случај“, додаде Лукашенко.

Слични содржини