Русија не го прифаќа нацрт-мировниот договор со Украина: „Ги покажува вистинските намери на Киев“

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во четвртокот рече дека нацрт-мировниот договор предложен од Киев на Москва содржи „неприфатливи“ елементи, но рече дека Русија сепак ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања.

„Мировните разговори Москва-Киев не напредуваат толку брзо како што се посакува“, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека се обидува да влијае со привлекување внимание на наводните воени злосторства за кои Москва негира одговорност.

„Украина во средата предложи мировен договор што отстапува од предлозите претходно договорени од двете страни. Оваа неможност повторно да се постигне договор ги покажува вистинските намери на Киев, да се повлече од договорот и да ги расипе преговорите“, рече Лавров.

„Предлозите на Киев се „неприфатливи“, додаде тој.

Официјален Киев се уште не ја коментира изјавата на шефот на руската дипломатија.

Киев нагласува дека се потребни преговори, но и редовно порачува дека нема да се откаже од својот суверенитет и територијален интегритет.

Русија испрати десетици илјади војници на 24 февруари да ја нападнат Украина, што ја нарекува „специјална воена операција“ и вели дека тоа го прави за да ја „денацифицира“ земјата од опасните „украински националисти“.

Меѓутоа, на терен, руската армија се соочува со жилав отпор од Украинците, а Западот одговори на инвазијата со опсежни санкции против руското раководство и економија.

Сепак, Русија ќе продолжи со преговорите и ќе се обиде да обезбеди спроведување на нејзините барања, посочи Лавров.

„И покрај сите провокации, руската делегација ќе го продолжи преговарачкиот процес и својот нацрт-договор, во кој јасно се наведени нашите клучни позиции и нашите барања“, рече тој.

Слични содржини