Руски независен медиум го реконструира масакрот во Буча: „Ова е доказ дека злосторствата ги извршиле руски војници“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Сцените со масовни убиства на цивили во Буча го шокираше светот, а сите показатели говорат дека злосторствата се случиле во време кога градот бил под руска окупација.

Независниот руски портал „Медуза“ направи видео реконструкција на ужасните настани во Буча за да докаже дека цивилите биле убивани додека градот сè уште бил под руска контрола.

Тврдат дека снимката со дрон е направена помеѓу 23 и 30 март.

Тие ги споредија достапните фотографии и снимки од Буча кои се направени по враќањето на украинските војници во тој град и снимката од дрон. На пример, телото на убиен цивил на велосипед пронајден покрај патот е исто така видливо на снимката од дрон. И телата на убиените цивили лежат на патот.

Првите 20 тела во цивилна облека беа пронајдени во саботата на само една улица во Буча, а во неделата градските власти соопштија дека 57 тела биле пронајдени во масовна гробница. На еден од мажите му биле врзани рацете, а телата биле расфрлани на површина од стотина метри.

Бројот на жртвите се зголемува од ден на ден, а украинските власти тврдат дека телата на повеќе од 400 цивили се пронајдени во близина на Киев.

Официјална Москва ги обвини САД дека нарачале снимки од загинати цивили во Буча за да ја обвинат Русија.

Украина ја обвини Русија за масакр и геноцид, а Русија исто така одговори дека тоа е „исценирана провокација од режимот во Киев“ и изнесе голем број неосновани тврдења за „наместени“ снимки.

Слични содржини